Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На владината седница беше донесена одлуката покачувањето на минималната плата за 2.000 да започне од декември, по што ќе изнесува 14.500 денари. Во моментот минималната плата во државата изнесува 12.507 денари.
„Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува историски највисоки 14.500 денари. Со законот кој се усвои во 2017 година првпат се изедначи минималната плата и за работниците од текстилната и кожарската индустрија со другите гранки. Со изедначувањето на минималната плата за сите категории на работници исправивме една голема социјална неправда која постоење во нашето општество“,- изјави премиерот Зоран Заев.
Тој се надева дека ќе ја достигне целта која што ја ветуваше и дека ќе овозможи минималната плата да се покачи на 16.000 денари, а просечната да биде 30.000 денари.