Од денес бензините поевтини за половина денар
02.06.2020 12:10
| KumanovoNews
Регулаторната комисија за енергетика, денеска донесе одлука за поевтинување на бензините и нафтените деривати, за половина денар.

Според одлуката, Еуросупер 95 ќе се продава по цена од 57 денари за литар, Еуросупер 98 по цена од 59 денари, а новата цена на дизелот е 49 денари за литар.
Додека пак цената на мазутот е намалена за 0,167 ден/кг, со што цената ќе биде 23,260 ден/кг.