Од денеска без ковид сертификат за влез во Бугарија
13.04.2022 05:32
| Сузана Николиќ
Од денеска веќе не е потребен ковид сертификат за влез во Бугарија од Македонија.

Лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија од денеска, веќе не се обврзани да поседуваат дигитален ковид сертификат.
Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена вчера.