×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од денеска функционира дел од градскиот превоз во Куманово

    26.05.2020 12:00 | KumanovoNews

    Автотранспортните претпријатија, денеска започнаа со организирање на градскиот превоз во градот.

    Од денеска функционира дел од градскиот превоз во Куманово

    Како што информира Оливер Стефановски од компанијата „Оли-травел“ од Куманово, јавниот превоз денеска се одвива со редуциран возен ред, како и согласно препораките и мерките за заштита од коронавирус, но со слаб одзив од граѓаните.

    „Одзивот на граѓаните од утрово е слаб, најверојатно поради неинформираност. Мерките препорачани од Владата да се носи задолжително маски и да се држи растојание, се почитуваат. Автобусите ќе можат да се полнат само 50 отсто од капацитетите, па затоа онаму каде што имаше поголем број на патници, се пуштени и поголеми автобуси. По секое возење возилата се дезинфицираат. Редуцираниот превоз ќе остане подолг период, меѓутоа ние сега сме во постапка и барање на помош од страна на Владата, бидејќи ваквиот начин на работа со преполовен број на патници не е рентабилен за нас“, додава Стефановски.

    Како што најавија, претходно од компанијата, пуштени се утринските линии во 5, 6 и 7 часот до фабриките, претпладне ќе има еден термин околу 9 часот за потребите на граѓаните, за втора смена ќе се вози од 13 до 15.30 часот, заради враќање на работниците дома.  Бидејќи полицискиот час е уште на сила, во попладневните часови ќе има една линија во 18 часот, исклучиво за граѓаните кои работат во маркетите.

    За подетелни информации околу возните редови, граѓаните можат да се информираат на фб профилот на компанијата (https://www.facebook.com/olitravel.kumanovo).

    Превозниците „Оли- травел“, „Штуз“ и „Јоцо-турс“, остануваа на барањата до Општината и Владата за субвенционирање на превозот, бидејќи сметаат дека тие како дејност се најмногу погоден од кризата.

    Владата ја укина мерката за забрана на организирање на јавниот градски превоз во Куманово уште во вторник, но не даде конкретни наскои и протоколи за организација на превозот на патниците, поради што градскиот превоз доцни, а граѓаните реагираат.

    Во изминатите неколку дена се воспостави, исто така редуциран меѓуградски превоз до Скопје и Старо Нагоричане, со по неколку линии дневно.