Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите невработени лица од денеска треба да продолжат со редовно пријавување во Центарот за вработување во Куманово, на секои 30 дена за активните баратели на работа односно на секои 6 месеци за другите лица кои бараат работа.
- Невработени лица имаат обврска за редовно пријавување заради докажување на нивниот статус за невработеност. Секое невработено лице кое има оставено телефонски број веќе е известено по смс порака за точниот датум кога треба да се пријави и да го потврди својот статус како активен барател на работа или друго лице кое бара работа. Оние коишто немаат добиено смс порака поради немање на мобилен телефон за контакт или не извршиле ажурирање во нашиот систем, од денеска можат да дојдат да се пријават и задолжително да го ажурираат телефонскиот број, - изјави Марија Димитриевска, директорка на Центарот за вработување во Куманово.
Таа ги повика невработените лица да се придржуваат на датумот на пријавување којшто им е наведен во пораката, да носат заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца со почитување на протоколите за заштита од коронавирус донесени од Владата.
Редовното пријавување на невработените лица беше привремено одложено, со уредба на Владата поради опасност од ширењето на коронакризата.