Од денеска во Бугарија ќе може да се патува со негативен ПЦР-тест
28.07.2020 11:50
| KumanovoNews
Од денеска граѓаните на Македонија ќе може да патуваат во Бугарија, но ќе треба да приложат негативен ПЦР-тест.

ПЦР-тестот не треба да биде постар од 72 часа.
За разлика од Бугарија, Грција ја продолжи забраната за влез на македонски државјани до 31 јули, поради коронавирусот.
Границите на Бугарија исто така се отворени и за граѓани на Србија, Црна Гора, БИХ, Албанија, Косово, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт.