Од денеска започнува исплатата на февруарските пензии

25.02.2021 - 08:38

Oд денеска започнува етапната исплата на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите, во услови на опасност од коронавирусот.

Од денеска започнува исплатата на февруарските пензии

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите, кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник); и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 25 февруари. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

„Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Апелираат пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk