Од кумановец одземени 550 парчиња пиротехнички средства
21.12.2023 20:03
| Оливера Пешевска
Полициски службеници на СВР Куманово денеска кај едно лице од Куманово пронашле и заплениле поголема количина на пиротехнички средства.

„На 21 декември, во 12.50 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово лишиле од слобода 51- годишен кумановец, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 550 парчиња пиротехнички средства“, соопштуваат од полицијата.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.