Од октомври евтина струја преку ден
Од први октомври се враќа евтината струја преку ден. Евтина тарифа граѓаните ќе можат да користат секој работен ден и сабота, од 14 до 16 часот.

Оваа владина мерка треба да го подобри животниот стандард на граѓаните, а ќе чини 8 милиони евра годишно. Трошоците ќе се покриваат со домаќинско работење на енергетските компании.
„Намалувањето на непродуктивните трошоци на ЕЛЕМ и МЕПСО, ќе доведе до заштеди кои ќе се наменат за ефтината тарифа на струјата, со еден збор домаќинското работење на овие државни компании, како и на ЕВН ќе овозможи спроведување на оваа владина мерка“, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Премиерот Зоран Заев истакна дека воведувањето на евтината тарифа нема да доведе до зголемување на цената на струјата.
Според проценките на Владата доколку граѓаните ја користат евтината струја за вклучување на апаратите од домаќинството заштедите можат да бидат од 30 до 40 отсто.