Од петок благ пораст на температурите
25.09.2019 11:21
| KumanovoNews
Времето денеска, ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд на крајниот дел од истокот, објавуваат од УХМР.

Во Куманово ќе имаме сончево до умерено облачно време, а максималната температура, во текот на овој ден ќе достигне до 27 стрепени.
Во четврток, времето ќе биде променливо облачно, до сончево, со максимална температура до 28 степени.
Од петок, се очекува стабилизирање на времето со благ пораст на температурите.