×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од полноќ бензините поевтинуваат за два, а дизелот за три денари по литар

    17.03.2022 18:30 | Сузана Николиќ

    Од полноќ цената на бензинот се намалува за два, а на дизелот за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија.

    Од полноќ бензините поевтинуваат за два, а дизелот за три денари по литар

    Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година.

    Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 денари/литар.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,228 денар/килограм и сега ќе изнесува 54,521 ден/кг.

    Од 18.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 79,50 (денари/литар)
    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 81,50 (денари/литар)
    Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
    Мазут М-1 НС 54,521 (денари/килограм).