Од полноќ поевтинуваат горивата
15.12.2025 18:17
| KumanovoNews
Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстралесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти.
Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе биде 73 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 75, еуродизел БС (Д-Е V) за 66,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 65,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,248 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,635 денари.