×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од понеделник исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

    02.05.2020 09:13 | KumanovoNews

    Министерството за труд и социјална политика од понеделник ќе се врши етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита.

    Од понеделник исплата на паричната помош од социјална и детска заштита

    Исплатата ќе се врши по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето и тоа:

    - 04.05.2020 (понеделни) исплата за А, Б, В, Г + Д (прва буква на презиме)

    - 05.05.2020 (вторник) исплата за Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К + Л (прва буква на презиме)

    - 06.05.2020 (среда) исплата за  Љ, М, Н, Њ, О, П + Р (прва буква на презиме)

    - 07.05.2020 (четврток) исплата за С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ + Ш (прва буква на презиме)

    Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права, во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.

    Министерството за труд и социјална политика укажува дека корисниците кои користат платежни картички  поврзани со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, сметано од 04.05.2020 година.

    - Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот и за заштита на населението за време на вонредна состојба. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Исто така, при чекање ред пред и внатре во банките, треба да се запази минимум потребно растојание од најмалку два метра, - соопштуваат од Министерство за труд и социјална политика.