Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По 4,5 месеци прекин, од понеделник жителите на најголемите приградски населби во Куманово ќе добијат јавен градски превоз, откако Општината ги потпишала договорите со новите превозници на повторениот јавен оглас.
Само за линијата бр. 8, на релација Тромеѓа - Бедиње, која ги покрива и населбите Ајдучка Чешма, Пуковско и Перо Чичо ќе се почека да заврши жалбената постапка. За таа линија се пријавиле двајца превозниците, па одлуката на Комисијата е обжалена од едниот превозник, дознавама од превозниците.
Од Општина Куманово кусо соопштуваат дека општинскиот линиски превоз ќе започне од 16.05.2022 година (понеделник) на следниве линии:
Линија бр.3 Зелен рид-Железничка станица
Линија бр.4 Бедиње-с.Добрашане
Линија бр.5 Ливаде,с.Карпош-Железничка станица
Линија бр.12 Романовце-Куманово
Линија бр.16 Куманово-Табановце-Карабичане-с.Сопот
Линија бр.20 Куманово-Четирце
Линија бр.22 Куманово-с.Новосељане-с.Косматац-с.Мургаш
Линија бр.25 Куманово-Г.П.Табановце
Линија бр.26 Бајрам Шабани-Бедиње.
Најголемите приградски населби немаат јавен градски превоз од почетокот на годината, бидејќи на првиот јавен повик имаше жалби од повеќе превозници, па се распиша нов и се направи спојување на градските и селски линии.
Поради проблемот со градскиот превоз, жителите постојано се жалеа дека се изложени на дополнителен трошок за организирање на сопствен превоз или користење на такси услуги.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk