×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од први декември од 13 до 15 часот стартува евтината дневна тарифа на струја

    26.11.2023 19:48 | Сузана Николиќ

    Евтината дневна тарифа на струјата стартува од 1 декември во периодот од 13 часот до 15 часот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Од 1 декември, домаќинствата ќе имаат ниска тарифа за струја од 13 часот до 15 часот и од 22 часот до 7 часот секој ден, како и цел ден недела.

    Од први декември од 13 до 15 часот стартува евтината дневна тарифа на струја

    „Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа. Податоците укажуваат дека инвестицискиот циклусот во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената преку ден“, вели претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пренесува сдк.мк.

    Подзаконските акти што ги донесе РКЕ утврдуваат и нови рокови според кои енергетските компании од следната година ќе треба да ги достават своите барања најдоцна до 30 септември, а одлуките за новите тарифи ќе бидат соопштени најдоцна до 30 ноември и ќе бидат на сила од следната година.