Од утре лекови со лична карта кај лекар и во аптека
Граѓаните од утре ќе можат да подигнат лек од која било аптека и во кој било ден од месецот, бидејќи стартува укинувањето на квотите за лекови во целата земја.

Препишувањето и издавање на лековите ќе се одвива со легитимирање на граѓаните и кај матичните лекари и во аптеките.
„Од утре стартува нов систем за подигање на лековите, што ќе биде бенефит за сите и за лекарите и за граѓаните и за аптеките. Лековите ќе се издаваат под еднакви правила, нема да има фаворизирање на дистрибуцијата на лекови“, - изјави Ден Дончев, директор на Фондот за здравствено осигурување.
Постарите лица, децата и сите оние што нема да можат да ги подигнат лековите, тоа ќе може да го направи некој од нивното семејство.
Тој најави дека за понатаму подготвуваат нов електронски систем со кој во реално време ќе знаат кому е издаден лек.