Од утре почнува зимскиот распуст
30.12.2014 10:27
| KumanovoNews
Од утре до 20 јануари, основците и средношколците ќе бидат на зимски распуст.

За повеќе од 17.000 ученици кои се образуваат во кумановските основни и средни училишта, денеска е последниот училишен ден од првото полугодие. Од утре на распуст ќе бидат околу 280.000 ученици од цела Македонија.