Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од среда полицискиот час ќе започнува на полноќ а ќе трае до 4 часот наредниот ден, терасите на кафеаните ќе работат до 23.30 часот, а со работа ќе почнат и фитнес центрите, одлучи Владата на денешната седница.
„Забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај почнува од 24 часот до 04 часот наутро наредниот ден. Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот. Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година“, соопштуваат од Владата.