Од утре редуциран автобуски превоз кон Скопје, започнува со работа и Автобуската станица
19.05.2020 15:41
| KumanovoNews
Од утре во 6 часот започнува со работа Автобуската станица во Куманово. Од компанијата „Руле- турс“, ги информираат граѓаните дека од утре ќе се воспостави меѓуградскиот превоз на релација Куманово- Скопје, но со редуциран број на автобуси.

„Првиот автобус кон Скопје ќе тргне во 7 часот, потоа во 12. 15 и во 16.05. Сите граѓани кои имаат потреба да патуваат во тој временски период можат да го искористат нашиот превоз“, - објаснуваат од Автобуската станица.