×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oд утре се намалуваат рестрикциите на движење, полицискиот час од 19 до 5 часот

    22.04.2020 14:15 | KumanovoNews

    Oд утре, четврток, се намалуваат рестрикциите на движење на граѓаните, објави премиерот Оливер Спасовски.

    Oд утре се намалуваат рестрикциите на движење, полицискиот час од 19 до 5 часот

    Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 19 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 5 часот наутро.

    За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 5 часот наутро до 12 на пладне.

    Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот.

    Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

    Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

    Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот наутро.

    Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот.