×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот

    16.04.2020 13:28 | KumanovoNews

    Поради зголемената опасност од појава на пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  по барање на ЈП „Национални шуми“, воведува  забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот. Забраната започнува да важи од 17.04.2020 (петок) година и ќе трае се до нејзино отповикување.

    Од утре се воведува забрана за движење во шума и на шумско земјиште од 6 до 20 часот

    Оваа забрана не важи за вработените во ЈП „Национални шуми“ и за субјектите кои вршат шумскокултурни активности на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“, како и за лицата кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“.

     За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

     Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

     За непочитување на одредбите од Законот за ловството  се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.

     Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП “Национални шуми” кои вршат дејност заштита, Министерството за внатрешни работи и  Шумската полиција.