×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од вторник ќе започне исплатата на социјална помош

    01.08.2020 12:29 | KumanovoNews

     Исплатата на јулската социјална помош, со одлука на Владата, ќе започне на 4 август.

    Од вторник ќе започне исплатата на социјална помош

    Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги доставии списоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки, најдоцна до 3 август, со што од 4 август деловните банки ќе обезбедат достапност на средствата од јунските исплати на паричните права од социјална заштита преку банкомати и во трговските мрежи. 

    За корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

    -   4 август (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,

    -   5 август (среда) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О,

    -   6 август (четврток) –П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.