×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од занаетчиството се школуваа деца и се правеа куќи, велат актерите на филмот „Мека душа за тврдо железо“

    26.09.2019 09:31 | KumanovoNews

    Во преполната сала на Занаетчискиот дом во Куманово, синоќа беше прикажан документарниот филм: „Мека душа за тврдо железо“, од етнолозите Надица Петковиќ и Валентина Илиевска.

    Од занаетчиството се школуваа деца и се правеа куќи, велат актерите на филмот „Мека душа за тврдо железо“

    Промоцијата на филмот ја отвори Славица Христова,советник етнолог во Музеј на град Скопје, која истакна дека и` е особено жал што занаетчиството изумира, и мисли дека во Скопје веќе и не постојат занаетчии.

    Во документарецот станува збор за четири кумановски занаетчии, кои се` уште се занимаваат со оваа дејност. Преку делото се документира не само нивната работа, туку и самиот занает, кој е во изумирање. А занаетчиите во документарецот, велат дека веќе не може да се живее само од занаетот.

    „Јас уште од мал се занимавам со оваа работа. И ќе продолжам да го правам истото, се` додека сум жив. Порано од оваа работа се правеа куќи и се школуваа деца. Не верувам дека традицијата ќе ја продолжи некој од моето семејство. Луѓето не го сакаат занаетчиството, бидејќи го сметаат за валкана работа“,- вели Насер Рамовски, еден од занаетчиите во документарецот.

    Присутните со носталгија го следеа документарецот, сеќавајќи се на времето кога не морале постојано да бидат „во трка со животот“ и кога можело да се оддржува семејството и само од заработката на еден занаетчија.

    Авторките Петковиќ и Илиевска, потенцираа дека се зафатиле со оваа тема затоа што овие занаети изумираат, па сакале да се сочуваат од заборав за идните генерации.

    Промоција беше организирана по повод 500 години Куманово и 55 години од постоењето на Музеј Куманово.