Одбележана 148-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
04.02.2020 10:38
| KumanovoNews
Денот на раѓањето на Гоце Делчев, 4 февруари, денеска со пригодна свеченост беше обележан во Гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово.

Делегации од Општината, Советот, политички партии, невладини организации и граѓани, положија цвеќе на бистата во дворот на гимназијата „Гоце Делчев“.
Учениците од Гимназијата, која го носи името на големиот македонски револуционер, подготвија пригодна свеченост, читаа поезија и изведоа неколку музички точки.