Одбележана битката на Челопечка кула

05.05.2010 12:39 | KumanovoNews

 Делегација на Обединетата српска заедница  Куманово, по повод 105 годишнината  од битката на Челопечка кула, положија свежо цвеќе на спомен костурницата во селото Челопек.

Одбележана битката на Челопечка кула

 Обединетата српска заедница од 2005 година од кога е обновена спомен плочата, секоја година палиме свеќи и им оддаваме почит на жртвите во оваа битка.Благодарение на поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане Власта Димковиќ на споменикот е вратена плочата на која е напишано значењето на битката и изградени се пристапни скали- вели Часлав Јовановиќ, претседател на Обединетата српска заедница во Куманово.

 Битката на Челопечка кула се случила на 29 и 30 април во 1905 година на српските доброволци против турската војска.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk