Одбележана годишнината од излегувањето Вториот партизански одред
Во организација на Сојузот на борци Куманово, во Цекови бавчи денеска беше одбележана годишнината од излегувањето Вториот партизански одред на 26 јуни 1943 година.

Пред споменикот цвеќе положија претставници на борците, претседателот на советот и советници, АРМ, полициските и воени ветерани и граѓани.
За значењето на НОБ и партизанските одреди, зборуваше Зора Ивановска, член на претседателството на Сојузот на борците.
На денешен ден пред 73 години, 7 кумановски партизани тргнале од бавчата на Цекови, а 5 од Карпошовата воденица и потоа заминале во Јужноморавскиот одред за да се обучат, и да се вклучат во борбените дејствија.
Кон крајот на 1943 година се активирале во козјачкиот крај со борбени, политички дејствија и митинзи.
Подоцна овие партизани го сочинувале јадрото на кумановскиот партизански одред.