×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележана годишнината од загинувањето на Доне Божинов во Пробиштип

    04.04.2024 16:04 | Оливера Пешевска

    Во Пробиштип денеска беше одбележана осумдесетгодишнината од загинувањето на Доне Божинов.  На поменот присуствуваше и цевќе положи делегација од Куманово, составена од членови на семејството, Сојузот на борците- Куманово и Здружение на жени „Нада Михајлова“.

    Одбележана годишнината од загинувањето на Доне Божинов во Пробиштип

    Доне Божинов, како командант на вториот баталјон загина при нападот на фабриката за преработка на руда во Пробиштип, во пролетната офанзива во 1944 година, а Нада Михајлова била ранета, и не успеала да се повлече  од борбените позиции. Окупаторот ја заробил а на 7 април заедно со уште десетина партизани била стрелана во близина на Штип.

    Одбележувањето на нападот на партизанските единици на Пробиштип и пробиштипските рудници во село Добрево беше во организација на Сојуз  на борци – Пробиштип и Општина Пробиштип.

    „На присутните им се обрати градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов. Во културно – уметничката програма се прочита песната „Пробиштип на Доне“ од Ацо Шопов, кој е негов соборец и лична творба од Зора Ивановска Претседателка на ЗЖ „Нада Михајлова“ која е посветена на младата партизанка“, истакна претседателот на сојузот, Цоки Ристовски.

    Трета МУБ заедно со јужноморавските партизанските одреди добиле воена задача да извршат напад на германските и бугарските фашистички сили, кои биле околу рудникот во селото Добрево и во фабриката за преработка на руда во Пробиштип. Единствена цел била неутрализирање на окупаторот и ослободување на градот. Во овие борбени дејствија загинале десетици борци од партизанските единици, а дел биле заробени и подоцна стрелани.

    Членови на Сојуз на борци Куманово традиционално, секоја година присуствува на ова свеченост.