×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одличен концерт „Руски сон“ на оперскиот пејат Дарко Тодоровски

    07.09.2019 09:30 | KumanovoNews

    Оперскиот пејач Дарко Тодоровски во придружба на пијанистката Анастасија Грговска, синоќа успеја сонот на Русија да го пренесе на кумановската публика во големата сала на Центарот за културата, на целовечерниот концерт, по повод пет века од постоење на Куманово.

    Одличен концерт „Руски сон“ на оперскиот пејат Дарко Тодоровски

    На репертоарот беше патувањето од љубовниот циклус на Дмитри Шостакович: класичните романси, познатите салонски и современи романси, па се' до преодниот формат романс-песна, кој е многу популарен во Москва. Изненадување на вечерта, беше изворната македонска песна „Кажи, кажи либе Стано“.

    „Браво, секоја чест момче. Ретка убавина е ова“ ,-  беа дел од коментарите на публиката, која уживаше во емотивната изведба на Тодоровски.

    Дарко се заблагодари на публиката што е во толкав број и ги оправда нивното очекување.

    „Ние Кумановците секогаш се навраќаме да настапуваме тука. Прво, затоа што одговорноста е голема, морам да признам не ми беше лесно ама дадов се' од себе да не ги разочарам најблиските. Јас направив се' рускиот сон да биде сон и да биде неприкосновен,“ изјави Тодоровски.

    Тој нагласи дека дека заедно со Анастасија се амбасадори на нашата музика надвор од државата, се трудат, каде имааат можност да ја претстават нашата култура, нашата вкусна храна и секако-македонската песна.

    При крајот на концертот, двајцата уметници беа наградени со голем аплауз и цвеќе.