×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одложено судењето на Бобан Илиќ

    29.06.2017 12:22 | KumanovoNews

    Во основниот суд Куманово, денеска по барање на адвокатите на семејството Алиу, беше одложено судењето против Бобан Илиќ обвинет за убиство на Алмир Алиу(4) од Куманово и против Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу, обвинети за насилство.

    Одложено судењето на Бобан Илиќ

    На денешното рочиште исказ пред судот требаше да даде Бобан Илиќ, откако на предходните беше презентиран психијатрискиот наод на обвинетиот и техничкото вештачење на автомобилот, а беа сослушани и сведоците мајката на детето, братот и девојката на Бобан.

    Малиот Алмир Алиу почина пред една година како последица на повреди задобиени од удар со автомобил. На трагедијата и предходела расправија во Здравствениот дом во Куманово помеѓу Бобан и таткото на Алмир, поради банална причина, ред во амбуланта.  Караницата прераснала во тепачка во која се вклучиле и роднини на семејствата, при што во целата мешаница настрада детето.

    Семејството Алиу бара најстрога казна за Бобан, бидејќи смета дека делото го извршил со умисла, додека тој не го признава обвинението и тврди дека е жртва во пресметката.

    Наредното рочиште е закажано на 25 јули.