×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одржан македонско-бугарски бизнис форум во Куманово

    28.02.2020 12:22 | KumanovoNews

    Со цел да се вмрежат локалните бизнисмени од Општина Куманово, со своите колеги од Република Бугарија,  денеска во Занаетчискиот  дом  во Куманово, се одржа првиот македонско-бугарски  бизнис форум „Заедно можеме повеќе“.

    Одржан македонско-бугарски бизнис форум во Куманово

    Зорица Апостолоска, министер без ресор во Владата, задолжена за странски инвестиции ги претстави економските политики и услови за можностите за инвестициски проекти во Македонија.

    - Убедена сум дека овој македонско-бугарски форум ќе ја унапреди соработката помеѓу двете бизнис заедници, ќе воспостави нова пазарна комуникација и ќе придонесе за добро вмрежување, ќе даде позитивен импут на стопанството, на понатамошното продлабочување на економските инвестициски и трговските односи помеѓу  Македонија и Бугарија,- додаде Апостолоска.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, ја потенцираше важноста од добрососедските односи и меѓусебната соработка и посочи дека ако сакаме да бидеме поконкурентни на европските пазари дека мора да ја развиеме регионалната соработка.

    - Македонија е членка во НАТО, се надеваме дека час поскоро ќе биде и членка на ЕУ. Но, сепак и во тоа европско семејство ние сме мали и за да бидеме посериозно сфатени и разбрани,  за да бидеме поконкурентни на тие европски пазари, првенствено мора да ја развиеме регионалната соработка. Регионална соработка на микро план, но и регионална соработка пошироко, релација помеѓу соседните држави за развој на стопанството на овие простори. Имаме намера да излеземе како Општина со нашата стопанска капацитетност и да се обидеме да ја поврземе со останатите во регионот,- додава градоначалникот Димитриевски.

    Веселин Халачев, претседател на Бугарската комора  и член на Одбор на директори на Европска Алијанса на мали и средни претпријатија (Брисел), на отворањето на бизнис форумот посочи дека за малите држави како што се Македонија и Бугарија, дека е неопходна меѓусебна соработка.

    - Помеѓу нашите две држави има договор за добрососедство и пријателство, во која рамка ние треба да дадеме свој придонес и мислам дека токму овие бизнис формуи се таа содржина којашто ја сакаат граѓаните од двете држави за да одат нагоре, а ќе одат нагоре ако се здружат заедно.  Јас се надевам дека вие многу скоро ќе бидете во ЕУ, затоа што тоа е многу добра можност. Но, вие сепак имате можности да користите европски фондови, преку пристапните програми ИПА и ИПАРД . Кориистете ги тие пари, директно преку Европската комисија преку Брисел,- посочи Халачев.

    Исто така и Амбасадорот на Бугарија во Македонија Ангел Ангелов, ја потенцираше важноста од меѓусебното поврзување помеѓу овие две држави, како и поврзувањето со Општината Куманово која се наоѓа на стратешко место.