Одземени бакарни предмети од деловен објект во Куманово
11.03.2022 21:30
| Сузана Николиќ
Сопственик на деловен објект од Куманово пријавил во полицијата дека од неговиот деловен објект биле одземени бакарни предмети.

„Т.Ж.(61) од Куманово, вчера пријавил дека во неговиот деловен објект на улицата „Иво Лола Рибар“ Куманово, непознат сторител влегол со употреба на подесен предмет и одзел бакарни предмети“, соопшти МВР.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.