Ограбен кумановец - го нападнале и му одзеле близу 200.000 денари
14.06.2025 12:01
| KumanovoNews
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – разбојништво.

„На 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари, па веднаш избегале“, соопшти ОЈО Куманово.
По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.