Мени

Ограбена црквата во „Забел“

06.09.2021 13:07 | Сузана Николиќ

Ограбена е црквата „Света Богородица“ во месноста Забел, Општина Старо Нагоричане. Крадецот одзел пари и други предмети.

Ограбена црквата во „Забел“ Фото: Мери Георгиевска

„Вчера во 9.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека непознат сторител со употреба на подесен алат и сила влегол во црквата „Света Богородица“ на место викано „Забел“ во с.Старо Нагоричане и одзел пари и други предмети“, соопштува МВР.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.