×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Околу 200 деца се вакцинирани по појавата на голема кашлица во Куманово

    12.02.2024 14:46 | Оливера Пешевска

    Во Вакциналниот пункт во Куманово имунизирани се 200 деца од објавувањето на информацијата дека има три позитивни случаи на голема кашлица во Куманово. 

    Околу 200 деца се вакцинирани по појавата на голема кашлица во Куманово

    Точно 175 се пријавиле во просториите на т.н Уред и уште 75 дечиња на училишна возраст ја примиле вакцината. И од утринава има зголемен број на пациенти – до пладневните часови вакцинирани се нешто помалку од 40 дечиња.

    „Од започнувањето на смената во 7 часот утринава без престан има прилив на пациенти и работиме со полна пареа. Дел од нив се по редовниот вакцинален картон, но имаме задоволителен одѕив на дечиња кои се вакцинираат со Ди Ти Пер вакцината. Работиме во две смени, вакциналниот пункт е отворен до 19 часот“, истакнува д-р Валентина Богоевска, педијатар, началник на Одделението за вакцинација во Куманово.

    Алармирани се вработените во градинките и училиштата, па и тие ги информираат родителите за да сe допре до што поголем број жители.

     Одделот за вакцинација потврдуваат дека опфатот со имунизација против голема кашлица не е на задоволително ниво. Куманово, заедно со Струмица, има најмал процент на вакцинирани деца во државата и тој изнесува некаде на 70 проценти.

    Во петокот беше потврдено дека три деца од Куманово се заразени со голема кашлица – на четиригодишна возраст, на 18 и  13 месеци. Сите се невакцинирани, а според информациите до кои успеавме да дојдеме ниту едно од болните дечиња не било запишано во градинка.

    Голема кашлица или пертусис е бактериска инфекција која брзо се шири, исто како што се шири обичната настинка или грипот, а се пренесува преку секрет од кивање или кашлање, односно по капков пат. Бидејќи е бактериска инфекција потешка е за третирање, особено кај малите бебиња кои немаат изграден имунитет.