„Октомвриска“ црна точка во градот, да се обезбеди постојана сообраќајна контрола
Да се обезбеди 24 часовна контрола на сообраќајната полиција на булеварот „Октомвриска револуција„ за да се спречи дивеењето на несовесните возачи и да се зголеми безбедноста на граѓаните, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со години сме сведоци на сообраќајни незгоди и трагични настани меѓу кои имаше и наши сограѓани. Оваа сообраќајница е најкритична и необезбедена, преку лето претставува тркачка патека за мотори и коли. Оваа црна хроника мора да престане. Време е сериозно да му се пристапи на овој проблем и да се стави крај на сообраќајните инциденти, предизвикани со брзото возење, - реагираат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат градоначалникот заедно со началникот Стојанче Величковиќ да најдат решение и да се воведе 24 часовна сообраќајна контрола на неколку точки долж булеварот.
Животот и здравјето на граѓаните е на прво место и тука не смее да има простор за дневна политика, - стои во соопштението на општинскиот комитет.
(фото. архива)