×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оливер Илиевски кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово

    31.08.2021 14:53 | Сузана Николиќ

    Директорот на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, Оливер Илиевски ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово.

    Оливер Илиевски кандидат на СДСМ за градоначалник на Куманово

    Илиевски синоќа ја добил поддршката на извршниот одбор на партијата, а кандидадурата ја соопшти потпретседателот на СДСМ Љупчо Николовски, на денешната прес-конференција.  

    „Ќе започнам од бастионот на СДСМ од победничко Куманово, во Општината каде актуелниот градоначалник самиот отиде против себе, против СДСМ, против граѓаните, со што и самиот се исклучи од партијата. Оливер Илиевски е дипломиран економист, директор на ЈП Водостопанство Кумановско-липковско поле, секретар на општинската организација на СДСМ Куманово, кој има искуство во манаџмент на јавни и приватни компании. Успешен, чесен, народен човек, близок и почитуван и од членовите, но анкетите покажуваат голема почит и од граѓаните. Да биде јасно СДСМ во Куманово има еден кандидат, ја има најдобрата понуда за кумановци, а тоа е Оливер Илиевски“, изјави Николовски.

    Покрај Илиевски кандидатури за градоначалника на Куманово поднесоа и пратеникот Мартин Костовски, претседателката на Советот, Атина Мургашанска и актуелниот градоначалник Максим Димитриевски.

    Откако не доби поддршка на партијата Димитриевски собра потписи за независен кандидат.