Оливер Спасовски технички премиер
28.12.2019 09:18
| KumanovoNews
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе биде премиер на техничката влада до изборите, одлучи партиското раководство на СДСМ.

Спасовски им се заблагодари на сопартијците за довербата посакувајќи што пократко да ја извршува таа функција.
„Ви благодарам на довербата и поддршката. Мојата желба е да бидам што пократко на таа позиција за што побрзо да се врати претседателот Зоран Заев. Одиме на победа“, напиша Спасовски на Фејсбук.
Во техничката влада нов вицепремиер за економски прашања ќе биде министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, откако Кочо Анѓушев си поднесе оставка на функцијата.