Онлајн медиумите иднина во информирањето со добра организација

16.12.2010 11:11 | KumanovoNews

Македонскиот институт за медиуми деновиве во Скопје го претстави  истражувањето за состојбите со онлајн медиумите во Македонија  од аспект на содржината, ресурсите, публиката и финансиската одржливост на онлајн изданијата во земјава.

Онлајн медиумите иднина во информирањето со добра организација

 Општ заклучок од тркалезната маса е дека сите страни во овој процес треба да ги подобрат своите перформанси: медиумите да ги зајакнат своите онлајн оддели и да понудат квалитетна и оригинална  содржина која е интересна за интернет публиката, маркетинг агенциите да ги зајакнат напорите за анимирање на бизнис заедницата за искористување на предностите на Интернетот и на растечката публика во функција на маркетингот, а пак речиси сите се согласија дека бизнис заедницата се уште не ги разбира овие предности, и дека треба да се работи многу на нејзина едукација за да се зголеми приливот на средства кон редакциите, што ќе резултира со финансиски поодржливи медиуми, кои на тој начин ќе ги добијат финансиските ресурси за да можат да понудат квалитетни содржини.

Сите учесници се свесни дека овој процес нема да запре, туку, напротив, ќе се интензивира, особено во наредните 5-10 години. Тука и го темелат нивниот оптимизам за одржливоста на онлајн медиумите, кои ќе стануваат се позначајни на пазарот на информации.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk