Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во големата сала на Центарот за култура во Куманово на 6 јуни, четврток, со почеток од 20 часот ќе гостува Македонската опера и балет со операта „Рита“ од италијанскиот оперски композитор Гаетано Доницети, во режија на Трајко Јордановски.
Станува збор за комична опера од Доницети, приказна за млада и убава девојка која е вплеткана во интригите на брачните недоразбирања кои завршуваат со среќен крај.
Во операта играат: Ана Ројдева како Рита, Јане Дунимаглоски како Бепе, Васко Здравков како Гаспаро, Борко Биџовски како Бартоло. Инспициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски.
Времетраење на операта е 75 минути, а билтетите за истата се продаваат на билтерата во Центар за култура по цена од 150 денари.