Опожарен пасат на „Трета МУБ“
05.09.2020 14:01
| KumanovoNews
В.С.(61) од Куманово пријавил во полицијата дека ноќеска околу 3 часот по полноќ било опожарено неговото патничко моторно возилов „фолксваген пасат” со кумановски регистарски ознаки.

Од Територијалната противпожарна единица информираат дека интервенирале на ул. „Трета МУБ“ на запалено патничко моторно возило во периодот од 03.30 до 03.50 часот, со едно ПП возило и 2 пожарникара.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.