Опожарени два стана во зграда во Куманово
17.07.2023 09:30
| Сузана Николиќ
Два стана се опожарени вчера на улицата „ЈНА“ во Куманово.

Пожарот избил околу 16.30 часот во еден од становите, а потоа се проширил и на другиот стан.
- На ул. ЈНА опожарени се 2 стана. Пожарната единица интервенирала од 16,45 до 17,48 часот, со 2 ПП возило и 7 пожарникари. Причината за настанување на пожарот не е позната“, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).