Опожарено „ауди“ во населбата Карпош
22.11.2021 12:52
| Сузана Николиќ
Автомобил „ауди“ синоќа изгорел во кумановската населба Карпош.

Според СВР Куманово, пожарот кај нив бил пријавен во 21.45 часот, дека на улица „100“ во Куманово гори патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.М.(35).
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово (ТППЕ), а повредени лица нема.
„ТППЕ Куманово интервенираше во нас.Карпош на опожарен автомобил во времетраење од 21.30 до 22 часот со 1 ПП возило и 4 пожарникари“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.