Опожарено возило во Куманово
09.05.2021 11:55
| KumanovoNews
На паркингот на ул.„Борис Кидрич“, зад хотел Куманово, ноќеска било запалено патничко возило.

Според противпожарната единица од Куманово, тие интервенирала во гасење на запалениот автомобил од 03.34 до 04.20 часот со 5 пожарникари и едно противпожарно возило. Пожарот е локализиран и не се проширил на другите возила на паркингот.