Општина Куманово ќе дели бесплатни заштитни маски на граѓаните
Општина Куманово ќе набави дополнителна количина на заштитни маски кои оддееска бесплатно ќе се делат на граѓаните од страна на редарските тимови на штабот.

На вчерашниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување уште еднаш беше побарано Владата да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои истотака бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење. Продолжува и помошта на ранливите категотии граѓани, но и апелот за почитување на мерките за заштита од коронавирус.
- Граѓаните за социјални пакети можат да се информираат на телефонските броеви: 075323569, 075207126 и 077719494 како и на телефонскиот број на ОШЗС Куманово 078365061. Апелираме до граѓаните на Куманово за задолжително носење на заштитни маски за сите лица на отворен и во затворен простор и задолжително држење на физичка и социјална дистанца во меѓусебна комуникација и контакти, како и излегување и движењена само еден член од семејствотово делот на набавка на прехрамбени и други производи, лекарства и потреби во делот на регулирање на севкупните дневни и периодични потреби на семејството, - соопштуваат од Кризниот штаб.
Од вчера граѓаните на Куманово, Прилеп и Тетово, а од денеска и сите граѓани во државата задолжително треба да носат маска или шал на устата и носат во затворен простор, за да се заштитат од ширењето на корнавирусот.
Волонтери од Општина од почетокот на кризата делеа бесплатни маски на граѓаните на Куманово.