×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе започне со присилна наплата на даноци

    06.11.2020 07:43 | KumanovoNews

     Општина Куманово ќе започне постапка за присилна наплата на даноци кон сите правни и физички лица, кои што не ги подмириле обврските за 2019 година и предходните години.

    Општина Куманово ќе започне со присилна наплата на даноци

    - Општина Куманово ги известува сите правни субјекти дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Закон за даноците на имот како и од Законот за комунална такса за фирмарина, започнува постапка за присилна наплата на ненаплатените побарувања по основ  на годишниот данок на имот и годишната такса за фирмарина за 2019 година, соопштуваат од Општина Куманово.

    Истовремено информира дека до граѓаните се испратени опомени за неплатен данок на имот за 2019 година, а од наредната недела ќе започне дистрибуција на решенија за присилна наплата.

     - Во јуни Општината ги дистрибуираше решенијата за данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2020 година до сите правни и физички лица кои поседуваат недвижен имот и вршат дејност на територија на Општина Куманово. Во истиот месец правните субјекти добија и опомени за неплатен данок за 2019 година, а физичките лица во месец октомври.  Општина Куманово имаше разбирање и овој процес и не го спроведуваше додека траеше вонредната состојба. Од причина што рокот во којшто требаше да се изврши наплатата на заостанатиот долг по доставената опомена е поминат по основ на ненаплатениот годишен данок и комунална такса односно фирмарина (назив на деловна просторија) за 2019 година, Општина Куманово изготви решенија за присилна наплата кои се доставени до даночните, односно таксените обврзници, - велат од Општината.

    Од овој месец ќе се достават решенија за присилна наплата за данок на имот и на граѓани кои имаат неподмирено обврски и предходните години заклучно со 2019 година.

    - Им укажуваме на сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови, дека треба да ги подмират своите обврски. Напоменуваме дека доколку по добивањето на ваквото решение не го подмират долгот, ќе се изготви решение за блокада на сметките на обврзниците по банки, - стои во соопштението на Сектор за даноци и такси при Општина Куманово.