×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе донира 100 илјади денари помош за семејствата на загинатите во Тетовската болница

    22.09.2021 13:56 | Сузана Николиќ

     Општина Куманово ќе додели помош од 100 илјади денари на семејствата што изгубија свои членови во пожарот во модуларната болница во Тетово.

    Општина Куманово ќе донира 100 илјади денари помош за семејствата на загинатите во Тетовската болница

    Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница на Советот, а советниците истакнаа дека не е битна висината на средствата туку пораката којашто сакаат да ја упатат а тоа е сочувство и солидарност од граѓаните на Куманово.

    „Mногу пати досега овој Совет донесувал одлуки за помош на многу загрозени граѓани и сметам дека и за овој немил настан треба да покажеме хуманост“, рече Анета Шандева-Доневска“, од ВМРО-ДПМНЕ.

    Советничката од СДСМ Ивана Николиќ кажа доколку има некоја законска пречка помошта да се исплати поради изборите, оваа одлука ќе се примени по завршувањето на изборниот процес. 

    „Длабоко сочувствуваме со овие семејствата и знаеме дека нивната загуба нема да ја надомести ништо. Ова е само еден гест, со кој сакаме да покажеме дека сме со нив во овие тешки моменти. Доколку постои законска пречка за исплата на средствата во овoј момент тие ќе се исплатаt по завршување на локалните избори“, кажа Николиќ.

    Советниците побараа од надлежните што побрзо да ја завршат истрагата и да се најде виновникот на оваа трагедија, а до директорите на болниците каде што има модуларни одделенија апелираа да ги преземат сите мерки за безбедност на пациентите и вработените.