×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе финансира проекти на здруженија и фирми за социјална заштита на граѓаните

    05.02.2024 13:09 | Оливера Пешевска

    Локални здруженија и други правни лица во наредните 15 дена можат да аплицираат за средства во висина од 4 милиони денари од Програмата за развој на социјална заштита на Општина Куманово.

    Општина Куманово ќе финансира проекти на здруженија  и фирми за социјална заштита на граѓаните

    „Финансиската поддршка е наменета за развој на постоечките социјални услуги, како и за воспоставување на нови иновативни, социјални услуги  кои се од голема важност за граѓаните на нашата општина. Дел од услугите се однесуваат на информирање и упатување, услуги за стручна помош, услуги на советување, услуги во домот, вон семејна заштита итн. На повикот можат да се јават сите заинтересирани здруженија или други правни лица регистрирани на територијата на Општина Куманово, со исклучок на оние кои веќе имаат добиено лиценци за работа и тие ќе добиваат средства директно од Министерството за труд и социјална политика“, истакна Александар Крстевски, раководител на Секторот за социјална заштита.

    За сите подетални информации и совети граѓаните можат да се јават до општинската администрација во зградата на поранешен „Козјак“, спроти Градскиот стадион. Барањата можат да се најдат и на веб страницата на Општина Куманово. Целокупната документација треба да се достави до општинската архива, најдоцна до 19 фебруари 2024 година.