×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе гради кружен тек од 580 илјади евра

    03.12.2021 11:46 | Сузана Николиќ

    Општината потпиша договор за изградба на нов кружен тек во Куманово. Ќе се гради на крстосницата на улиците „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, кај „Митев мост“, а ќе чини 36,5 милиони денари или 580 илјади евра. 

    Општина Куманово ќе гради кружен тек од 580 илјади евра

    „Добиена е дозволи за градба и согласност за измена на режимот на сообраќајот. Фирмата „Жикол„ го доби тендерот да го гради кружниот тек. Градежните работи ќе започнат во март, кога ќе дозволат временските услови“, вели Момчило Јовановски, заменик раководител на Секторот за комунални дејности во Општина Куманово.  

    Тендерот за избор на компанија беше објавен во април годинава.

    Кружниот тек на булеварите „Октомврсика револуција“ и „Трета МУБ“ е црна точка во градот и причина за голем број на сообраќајни несреќи со фатални последици, поради тоа што несовесните возачи не ги почитуваат сообраќајните правила . Граѓаните со години наназад бараат да се најде решение за овој проблем и бараа кружен тек наместо семафори.

    Изградбата на кружниот ток е предвиден во развојната програма на Општината, за која поддршка даде предходниот Совет.

    Според надлежните во подготовка е документацијата за изградба на кружен тек и на раскрсницата на „Бајрам Шабани“ и „Гоце Делчев“ во т.н. „Серава“. 

    Минатата година во Куманово беше изграден првиот кружен тек на влезот на градот, во вредност од околу 20 милиони денари или 300 илјади евра.