×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово објави конкурс за доделување на Ноемвриска награда

    03.10.2020 07:07 | KumanovoNews

     По повод 11 Ноември – Денот на ослободување на Куманово, Општината и оваа година ќе ја додели Ноемвриската награда, како највисоко општествено признание што се доделува за посебни достугнувања во одредени области.

    Општина Куманово објави конкурс за доделување на Ноемвриска награда

    „Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие што дело, односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период. Делата односно достигнувањата треба да бидат достапни до 11 Октомври, а авторот на делото да биде жител на општината“, - информираат од Општина Куманово.

    Право на предлагање на кандидати имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани и поединци.

    Предлозите со образложение во писмена форма се доставуваат до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31 октомври годинава.