Општина Куманово подели над 1100 пакети со храна, бара и државата да помогне
Општина Куманово побара од Министерство за труд и социјална политика да се вклучи во обезбедување на помош на социјално загрозените категории на граѓани, кои се најдоа во тешка матерјална и егзистенцијална состојба поради кризата со коронавирусот во градот.

Општината во изминатиот период подели над 1000 социјални пакети, кои ги обезбеди со сопствени средства или од донации од компании и граѓани. Помошта не е доволна за општина од 100.000 жители, па затоа се бара поддрша и од надлежните државни институции.
- Бараме од Министерство за труд и социјална политика да се вклучат во обезбедување на социјална пакети со средства за дезинфекција и прехрамбени производи за сите социјално најзагрозени семејства на територија на Општина Куманово, - соопштуваат од Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС).
Градоначалникот Максим Димитриевска вели дека во соработка со Црвениот Крст и со армијата досега доставиле вкупно 1145 пакети за социјално најзагрозените семејства во Општина Куманово.
- Акцијата ќе продолжи и во наредниот периодот. Граѓаните можат да се пријавуваат на телефонските броеви: 075-323-569, 075-207-126 и 077-719-494. Во случај нашите служби да не одговараат поради презафатеност на дежурните телефонски броеви, граѓаните можат да испратат СМС порака со со свои податоци, име презиме и адреса на живеење, - додава Димитриевски.
За да помошта стигне и до оние кои немаат можност самите да се пријават, од денеска списоци со најзогрезените семејства ќе прават и претседатателите на месните и урбани заедници. Истите ќе ги достават до ОШЗС, за да во најкус можен рок се дистрибуира до граѓаните на кои им е најнеоходна.